Collagen Skin Booster, cо вкус на јагода и лимон, 171 g
Спој на наука и добар вкус, Collagen Skin Booster е формулиран од страна на стручњаци со висококвалитетни пептиди на колаген* наречени VERISOL® P*, што придонесуваат за намалување на брчките околу очите и за подобрување на еластичноста на кожата по четири недели.**
Collagen Skin Booster не е брзо решение, туку експертска исхрана за кожата поткрепена со наука. Со освежителен вкус на јагода и лимон, овој производ е додаток во исхрана во облик на прав, богат со клучни витамини и минерали како биотин, јод, витамин А, ниацин и цинк, кои придонесуваат за одржување здрава кожа.
Дополнително, содржи селен кој, во комбинација со цинк, придонесува за одржување здрави нокти и коса.
Collagen Skin Booster е дизајниран да ја надополнува вашата рутина за разубавување и лесно се вклопува во рутината за нега на кожата што веќе ја практикувате.
Пробајте го уште денеска и овој вкусен напиток ќе ви стане нова омилена тајна за разубавување.
VERISOL® и пептидите на биоактивен колаген® се трговски марки на Gelita AG
Научни референци:
1. Proksch E et al. Skin Pharmacol Physiol. 2014, 27(3):113–9.
2. Proksch E et al. Skin Pharmacol Physiol. 2014, 27(1):47–55.
Главни придобивки
-
обезбедува витамин Ц што придонесува за нормално создавање колаген и нормална функција на кожата
-
обезбедува витамин Е што придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес
-
формулиран со висококвалитетни пептиди на колаген (VERISOL® P)*
-
содржи засладувач од природен извор и природна арома
-
не содржи глутен
-
содржи 30 порции
VERISOL® и пептидите на биоактивен колаген® се трговски марки на Gelita AG
Употреба
Консумирајте го Collagen Skin Booster секој ден.
Нежно протресете ја кутијата пред употреба. Додајте 1 мерица (5,7 g) од правот во 250 ml вода и мешајте додека целосно да се раствори.
Консумирајте една чаша дневно со оброци.
Овој производ треба да се користи како дел од урамнотежена и разновидна исхрана и здрав, активен начин на живот.
Да се чува со затворен капак на ладно и суво место.